Бобан Данов преминува во Вардар, а Павлев и Викиќ се враќаат во Спартак?

boban danov so fakelot

Најголемиот трансфер во преодниот рок за борачите го направи репрезентативецот и досегашен член на Балканец, Бобан Данов, кој потпиша за БК Вардар, пишува Вардарфанс.мк.

Инаку преодниот рок заврши пред два дена, а од Вардар си заминаа Александар Павлев и Иван Викиќ кои се вратија во матичниот БК Спартак од Кочани.

Danov i Pesko

„Вардар поднесе документи за негова регистрација, ова момче е огромно засилување за црвено-црниот колектив. Во нашиот тим премина од екипата на БК Балканец.  Неговото доаѓање во Вардар, заедно со постојниот кадар: Егоров, Аскербиев, Зубаиров, Хамикоев, Нуров, Никола и Дарко Димчевски  го прави клубот компактна целина, која ќе биде конкурентна за освојување на многу одличја во продолжение од сезоната и во иднина.  Бобан Данов дефинитивно е големо засилување за нашиот клуб“, наведуваат од  Вардар.

Од ФБСМ истакнуваат дека барање од Данов не е поднесено. Со завршувањето на преодниот рок останува Комисијата за регистрација да ги верификува трансферите.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON