Репрезентативецот во борење и самбо, како и првак во џудо во најтешката категорија, Бобан Данов, отвора џудо клуб во Штип.
За тоа како дошла идејата да отвори џудо клуб, иако најмногу време има поминато во борењете, а во смабо има сениорски бронзен медал од големите натпреварувња Данов вели:
„Па, идејата е моја. Веќе три години сум државен првак и се решив да формирам џудо клуб и во Штип.“
Она што превагнало во него за отворање џудо клу е фактот што во Штип има многу поранешни репрезентативци уште од времето на Југославија.
„Сакам да контактирам со сите и да направиме еден клуб како што доликува. Еден од познатите кој учествувал на државни првенства е репрезентативецот Гоше Хубрев“, вели Данов.
Тој кажувакои се и целите на клубот.
„Целта е да има што повеќе вакви клубови, за да можат помладите и повозрасните да има каде да се рекраираат и да се занимават со овој спорт. Џудото е олипски спорт и оттука е идејата да формирам клуб, каде и самиот ќе настапувам. Разговараво и со други борачи кои сакаат да настапат на некое државно и меѓународно првенство. Сакаме нашето искуство да го пренесеме на помладите“, истакнува Бобан.
Данов очекува помош и од локалната самоуправа и од некои поранешни џудисти.
„Ќе успееме и ќе го дигнеме џудото во Штип на завидно ниво“, порача Данов.