За време на престојот во Загреб каде што го промовираше првиот настан Муња ФЦ, за хрватските медиуми откри дека планира да се врати на сцената.
43-годишниот Американец последен пат се бореше во јуни на Роуд ФЦ во Кореја, каде што загуби со технички нокаут од Аори Геле. На новогодишната ноќ во 2015 година на Ризин по втор пат го порази Акебоно. Нивната прва борба во 2003 година ја гледаа 54 милиони Јапонци.
Додека не се бореше Сап беше потпретседател на корејската ММА промоција Роуд ФЦ.
„Јас бев потпретседател на Роуд ФЦ, но веќе не сум. Мислам дека имам сила за уште 2-3 борби и наскоро пак ќе ме видите на борилиштето и тоа на некои места каде што порано не сте ме гледале. Ако сакаат да скокам мора да ми дадат „салати“, а ми понудија салата, така што ќе се вратам, хахаха“, рече Сап.