Боб Сап повторно ќе се сретне со Акебоно (ВИДЕО)

Bob Sab -Akebono

Еден од најпознатите комични натпревари во боречките вештини е оној меѓу Боб Сап и Акебоно. Сите оние што го пропуштиле, сега ќе имаат можност да го гледаат второто издание.

Колоритниот Американец и поранешниот сумо борач ќе се бори на големото новогодишно шоу што ќе се одржи во Токио – Јапонија. Средбата ќе биде по правилата на шутобоксинг. Борците ќе можат да прават тејкдауни и да се борат во стоење, додека акциите на партер се забранети. Првиот меч заврши со нокаут уште во прватат рунда, а победник беше Боб Сап.

На шоуто се очекува и враќањето на Фјодор Емилијаненко. Тој ќе се бори со поранешната индиска ѕвезда во К-1, Синг Џаидееп. Ова ќе биде прва борба за Русинот од три ипол години.

Меѓу останатите учесници на галавечерта се Шинија Аоки, Казуши Сакураба, Џејмс Томпсон, Мо Лавал, Сатоши Иши, Џером Ле Банор.

https://youtu.be/7USKXuKmaog

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON