Питер Аертс официјално го објави составот европски тим на ветерани за претстојната гала Брејкинг даун 9 на 26-ти август во Токио. За овој настан се вклучени некои од најголемите имиња во историјата на кик боксот.
Боб Сап, Алберт Краус и Жером Ле Банер се само некои од великаните кои ќе се соочат со јапонските ривали за една недела, за да докажат дека сè уште се меѓу најврвните борци на планетата.
Еве го целосниот состав на борбената картичка:
Сем Русагара – Рјота Кошиба (до 75 кг.)
Илијас Букиуја – Хидетора (до 74 кг.)
Алберт Краус – Тајсеи Нишитани (до 72,5 кг.)
Рио Ричардсон – Маки Изоја (до 120 кг.)
Јонас Адриансе – Данчимен Ацуки (до 67 кг.)
Боб Сап – Нокон Терада (над 120 кг.)
Бојан Косендар – Јута Кавашима (до 80 кг.)
Шериф Лардси – Парк Нјунгкеун (до 68 кг.)
Жером Ле Банер – Ким Џехун (над 120 кг.)