Популарниот бокс промотор Боб Арум зборува за дуелот помеѓу Флојд Мејведер Конор Мек Грегор, како и за тешкотиите при организирањето.
Според него, УФЦ не ги третира добро своите борци, а токму тие можат да се покажат проблемот при преговорите. Тој дури тврди дека компанијата сака да добие 50 отсто од надоместокот на Мек Грегор за мечот.
„Единствената пречка тука е УФЦ, бидејќи УФЦ не ги третира борците на ист начин како што тоа го прават промоторите во боксот. Со други зборови, борците во УФЦ добиваат многу помалку од боксерите. Му понудија договор на Конор и сакаат да добијат 50 проценти од акциите“.
„Ако овој меч не се одржи, вината целосно ќе биде на УФЦ. Не мислам дека тоа би било и добар натпревар. Ако зборуваме за бокс, тука тешко би можело да има ривалство меѓу двајцата. Конор е одличен ММА борец, но не покажал ништо во боксот. А Мејведер е еден од најголемите во овој спорт“.
Се смета дека решавањето на овој меч веќе е во фаза на интензивни преговори, а ништо чудно наскоро да бидеме изненадени со неговото официализирање.