Американскиот боксер Џервонта Дејвис го нокаутира Френк Мартин во осмата рунда минатиот викенд на настан во Лас Вегас и го задржа појасот на ВБА во лесна категорија.
На прес-конференцијата по новиот триумф, 30-ти во професионалната кариера, Тенк зборуваше за неколку потенцијални кандидати со кои би можел да се бори.
Ги спомена шампионот на ИБФ, Васил Ломаченко и Шакур Стивенсон, кој го држи појасот на ВБЦ во лесна категорија.
Се чини дека Ломаченко би можел да биде следниот противник на Дејвис, а тоа го потврди и промоторот Боб Арум.
„Ломаченко и ние сме подготвени да разговараме за тој меч. Тие би можеле да имаат средба веќе оваа недела – истакна Боб Арум, кој ги пофали боксерските квалитети на Џервонта Дејвис:
„Тој е добар и многу силен, одличен удирач. Дејвис е многу интересен боксер во однос на маркетингот. Борбата против него би донела многу подобра заработка од мечот меѓу Ломаченко и Стивенсон. Ќе се обидеме да го договориме тој меч со претставниците на Џервонта. Ломаченко ја сака таа борба“.
Сопственикот на Топ ранг додаде дека до крајот на годината може да се договори потенцијален судир…