Боб Арум сака Тајсон Фјури да се бори со Џо Џојс

Познатиот промотер Боб Арум го кажа своето мислење за можното продолжување на кариерата од британскиот боксер Тајсон Фјури.

Според Арум, Фјури може да се бори со сребрениот олимписки медалист од 2016 година Џо Џојс, а потоа да се соочи со победникот од реваншот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа.

„Тој ќе се бори, тој е борец и очекувам Тајсон да се врати во рингот пред крајот на годината. Мислам дека ако Џо Џојс ја добие битката на почетокот на јули, тогаш борбата со Тајсон е опција.

Фјури и Џојс на Вембли на почетокот на октомври ќе бидат исто толку добри, ако не и подобри од битката на Тајсон со Дилиен Вајт.

Ова ќе го натера да се бори со победникот од мечот Џошуа-Усик. Ќе дадам се од себе оваа борба да се води во Обединетото Кралство.

Мислам дека не е добро боксот да се одржува на ова ниво во Саудиска Арабија“, рече Арум на Јутјуб каналот на Френк Ворен на „Квинсбери промоции“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tyson Fury (@tysonfury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON