УФЦ 200, кој американската промоција го замисли како свој најголем настан во историјата, ќе биде забележан по допинг скандалите на Џон Џонс и Брок Леснар.
Многумина кои се вклучени во овој спорт, како Нејт Дијаз, многу се гласни по ова прашање.
Една од најмоќните бокс промотори во изминатите децении, Боб Арум, се согласува со тврдењето на Дијаз дека сите се на стероиди.
„Мислам дека во УФЦ нешто не е во ред од самиот почеток, бидејќи голем број од овие УФЦ борци се фаќаат за допинг. Не знам што е причината. Имаме проблем со допингот и во боксот, но тој не е ни блиску до нивото на кое што е во мешани боречки вештини. Не е дури ни блиску до тоа ниво“.
„Веројатно се вистинити во таквите изјави како на Дијаз. Не баш сите, но сигурен сум дека во УФЦ, ММА, допингот многу повеќе се користи отколку во боксот. Во боксот тоа е прилично добро контролирано“, рече 84-годишниот промотор.