Боб Арум: Имаме начелен договор за Фјури – Усик

Борба за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија кон крајот на февруари или почетокот на март. Тоа е она што љубителите на боксот ќе го видат, ако му се верува на Боб Арум.

Легендарниот промотер рече дека штабовите на Тајсон Фјури и Aлександр Усик имаат начелен договор за одржување на обединувачка борба. Идејата е двајцата светски шампиони да се сретнат на почетокот на следната година, а „Џипси Кинг“ во меѓувреме да одржи еден меч.

„Речиси секој ден имам разговори со Егис Климас, менаџерот на Усик, бидејќи и тој е агент на боксери кои ги промовираме. Така што можам да кажам дека имаме начелен договор Александар и Тајсон Фјури да се сретнат во последната недела од февруари или првата во март“, коментира Арум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON