Извршниот директор Топ ранг и член Куќата на славните Боб Арум ја коментираше претстојната мегапресметка меѓу носителот на појасот на ВБА, Дмитри Бивол (23-0) и Артур Бетербиев (20-0) кој е шампион на ВБЦ, ВБО и ИБФ.
Непоразените боксери ќе го одредат апсолутниот шампион во полутешка категорија.
„Тоа е неверојатна борба, но не верувам дека некој со таа тежина може да го задржи Бетербиев 12 рунди. Тој е многу подобар боксер отколку што мислат многу луѓе. Ако те притисне во аголот, тоа е тоа, тој само победува“, рече Арум.
Потсетуваме, Бивол и Бетербиев ќе се борат на 12 октомври во Саудиска Арабија.