Боб Арум го најави можното враќање на Фјури: Тимот на Усик едвај го чека тој меч

Менаџерот на Фјури, Боб Арум, истакнува дека разговарале со претставниците на Александар Усик.

Директорот на Топ ранг промоцијата се надева дека Украинецот ќе ги одбрани шампионските титули во ВБА, ВБО и ИБФ во реваншот против Британецот Ентони Џошуа на 20 август и ќе добие можност да се бори против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури за обединување на титулите во тешката категорија.

Џипси Кинг го победи Дилиен Вајт на крајот на април и ја одбрани титулата во ВБЦ.

По мечот повтори дека тоа е неговата последна борба во професионалната кариера. Малкумина поверуваа, а сега тоа на некој начин го потврди и познатиот промотер.

„Се надевам дека Усик ќе победи, бидејќи разговарав со неговите претставници. Мислам дека едвај го чекаат мечот против Тајсон Фјури. Се надевам дека би можеле да ја организираат борбата во декември и некаде на почетокот на следната година“, рече Боб Арум и откри кој повеќе го сака на мечот Усик – Џошуа:

„Александр е талентиран и брз боксер, но и Ентони има свои шанси. Но, верувам дека Усик е фаворит против Џошуа“.

Доколку Украинецот го добие тој меч, тогаш реално би можеле да го очекуваат враќањето на Фјури во рингот. Сигурно нема да ја одбие борбата за обединување на појасите.

Во 1999 година, Ленокс Луис ги обедини сите шампионски појаси во тешка категорија со победа против Ивандер Холифилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON