Легендарниот боксерски промотор, Боб Арум, прогнозира дека Роберто Дуран би можел да ја скрши железната заштита на Флојд Мејведер. Двајцата големи шампиони се разминаа и не можеа да се сретнат. Заедничко за нив е дека нивен промотор беше токму Арум, кој одлично ги познава.
„Со задоволство ќе направев еден меч меѓу нив. Сметам дека Дуран ќе успее да му се приближи на Флојд и да му удри клоца во задник. Без разлика во која категорија е мечот“.