Боб Арум предвидува победа со нокаут за Тајсон Фјури над Дионтеј Вајлдер, кога пак ќе се сретнат 2020 година.
Пред неколку дена Фјури (28-0-1, 20 КО) импресивно го победи Том Шварц (24-1, 16 КО) во втората рунда, со што дефинитивно акциите му се зголемија, иако Том не беше сериозен ривал. Во моментов се се прави што е можно втората борба меѓу Вајлдер и Фјури да биде поголема од првата и да донесе многу повеќе приходи. Боб Арум е задоволен од тоа што го покажа Фјури и почна да го споредува со легендарниот Мухамед Али.
„Не сум видел борец со таква харизма од времето на Мухамед Али. Ќе имаме уште една борба, а потоа ќе се бориме со Вајлдер. Мислам дека Вајлдер нема да издржи пет рунди со Фјури. Мое мислење е дека Фјури навистина е уникатен и умее да ги забавува луѓето. Сега е во форма и може да ги уништи сите“, рече Арум.
Во првата битка Вајлдер беше оној кој речиси постигна нокаут. Успеа два пати да го испрати Фјури на подот, а по средбата Фјури призна дека не се сеќава како воопшто се исправил. Но многумина се со мислење дека поверојатно е победата со нокаут да биде за Вајлдер, а Фјури може да победи, но со одлука на судиите.