Симона Заборска (-55 кг) покажа најмногу од македонските каратисти во овие два дена на на Светското првенство во Линц, Австрија, таа стигна до четвртфиналето каде што на изјаснување (0-0) беше совладана од Сални Сјакила од Малезија.
Заборска забележа три победи против Вероника Халодова –Чешка 4-0, Илаха Гасимова – Азербејџан 1-0 и Бренди Робинсон – САД 3-0.
Симона има надежи преку репасажот да се бори и за бронзениот медал под улсов Сјакила да се пласира во финалето.
Наташа Стефановска (-61 кг) забележа победа и пораз. Ја совалада Клаудија Ионита од Романија со 3-1, а беше поразена од Жаклин Фактос од Еквадор 3-4.
Ненад Келебиќ (-67 кг) забележа две победи , а во трерто коло беше поразен.
Келебиќ ги победи Ханг Лау Чи од Хонг Конг со 4-0 и Фахад Алхатами од Саудиска Арабија 0-0 со судиско ијзаснување, а беше поразен со 2-0 од Белорусинот Валери Паруха.
Нашиот најголем адут, Емил Павлов, извојува две победи над Максимилијано Лароса од Уругвај 6-2 и Хо Ли Чун од Хонг Конг 3-0, во третото коло ќе се бори со победникот на мечот меѓу Португалија и Костарика.
Така и вториот ден продолжуваат неуспешните настапи на нашите каратисти на Светското првенство откако вчера Жарко Арсовски, Петар Спасеновски, Енес Смаилагиќ и Пуликсенија Јованоска не оставрија некој резултат, освен пласман во второто коло.
Ipon.mk/В.Д.