Јуниорот Андреј Александров одличниот настап на 13. Балканско првенство во кендо во Солун, Грција, го круниса со бронзен медал.
Во категорија ветерани над 40 годени настапија двајца македонски натпреварувачи и го освоија второто и третото место.
1.Ертунџ Куртулус (Турција)
2.Глигор Дубровски (Македонија)
3.Андреј Атанасовски (Македонија)
Додека сениорите во поединечниот дел ги поминаа групите, но изгубија во елиминациските фази во 1/4 И 1/8 финале.
Денес на екипното натпреварување во група нашите борци во состав (Олег Бичковски, Матеј Ивановски, Александар Кесковски, Владимир Кесковски, Владимир Пешков, Андреј Атанасовски и Глигор Дубровски) излегоа од групната фаза по нерешениот резултат со актуелниот шампион Србија и издвоената победа над Бугарија со 3-0.
Нашиот тим изгуби во полуфинале од домаќинот Грција за еден поен.
1.Црна Гора
2.Грција
3.Македонија
3.Србија
Женскиот дел од тимот, Атанасовска и Лазаровска имаа добар настап но нивниот тим беше со хедикеп поради тоа што тимовите се составени од по 3 натпреварувачи.
„На состанокот одржан по шампионатот лидерите на тимовите ја изгласаа Македонија за домаќин на 14-тото Балканско првенство.
Ова ќе биде одлична шанса за нашите спортисти да го дадат својот максимум на домашен терен“, велат од кендо репрезентацијата.