Картис Блејдс (13-2-1НЦ, 8-2-1НЦ УФЦ) го нокаутира Жуниор Дош Сантос (21-7, 15-6 UFC) во главната борба на настанот на УФЦ во Рали.
28-годишниот Американец до трета последователна победа дојде во втората рунда. Исфинтира рушење и го изненади поранешниот шампион во тешка категорија со лево кроше. Потоа го погаѓа со десен директ и гоп фаќа „Цигано“ во тајландски клинч и по три удари со коленото, следеа уште шест со тупаници и судијата ја прекина борбата.
35-годишниот Бразилец во претходната борба во јуни загуби со нокаут за 71 секунда од Френсис Нгану и ја прекина серијата од три победи.
Дарко Стошиќ (13-4, 1-3 УФЦ) го доживеа и третиот последователен пораз. 27-годишниот српски полутешкаш загуби со едногласна одлука (29-27, 29-27, 29-27) од непоразениот дебитант Џамахал Хил (4-0, 1-0 УФЦ).
Мајкл Киеза (16-4, 10-4 УФЦ) славеше со едногласна одлука против поранешниот шампион во лесна категорија, Рафаел Дос Анјош (29-13, 18-11 УФЦ) – 30-37, 29-28, 29-28.
Херберт Брнс (10-2 ММА, 1-0 УФЦ) заработи бонус од 50 000 американски долари во УФЦ дебито за нокаутот со колено против друг дебитант, поранешниот шампион во М-1, Нејт Ландвехр (13-3, 0-1 УФЦ).
Истата сума ја доби и борецот во мува категорија Алекс Перез (23-5, 5-1 УФЦ), кој со давење со рачен триаголник во првата рунда го победи Џордан Еспиноса (14-7-1NC 1-2 УФЦ).
Со бонус за борба на вечерта е награден мечот со бантам меѓу Велшанецот Брет Џонс (16-2, 4-2 УФЦ) и дебитантот Тоби Грејли (19-6, 0-1 УФЦ) во кој Џон славеше со давење од позади во третата рунда и прекина серија од два порази.