Блаже Дардов: Ние Македонците имаме боречки дух, имаме храбрсот и тоа ќе го демонстрираме!

blazo-dardov-stoimenov-isfa-bitola

Блаже Дардов се среќава со Бугаринот Живко Стоименов на ИСФА настанот во Битола на 3 декември во делот на професионалните ММА борби.

Blazo dardov Struga 2016

„Разбрав дека е доста квалитетен борец кој веќе има неколку профи борби во ММА. Има доста добри можности за тренинг и имам респект спрема него. Инаку се надевам дека борбата ќе биде добра и ќе дадам се од себе да покажам дека и ние Македонците, покрај сите потешкотии, тренираме и нема да се дадеме лесно. Немаме услови како кај нив, но имаме боречки дух, имаме храбрсот и тоа ќе го демонстрираме“, истакнува Дардов

Досега Дардов има учествувано на повеќе турнири за боречки вештини на кои собираше искуство. Досега има три победи од три борби во ММА во аматерска конкуренција. Тој вели дека имал многу добри противници од нашата земја и дека заслужуваат пофалби.

Еден од чинителите за добра атмосфера и победа ќе биде битолската публика и навивачката група „Чкембари“.

„Од битолската публика, особено „Чкембарите“, очекувам поддшрка, бидејќи станува збор за една од најдобрите навивачки групи на Балканот. Тоа ќе ми биде многу битно“, тврди Дардов.

blaze-dardov-vo-kimono

Тој вели дека настанот на ИСФА во Битола за него е од големо значење. Битолскиот борец посочува дека последната недела не бил во можност за тренира поради грип Ниџитсу клубот Битола.

„Нема алиби, нема оправдување. Тоа е наш кодекс. Битно е да се излезе и да се даде добра борба, па нека победе подобриот“, категоричен е Блаже, истакнувајќи дека сега се е во ред и последните подготовки се во тек.

За идните планови вели дека со неговите колеги, браќа, другари, се насочени на профи борбите во Европа од кои се надеваат да заработат за скромен живот. Целта е засекогаш да продолжат со тренинирање на боречки вештини.

„Тоа е наштаа главна цел, да останеме во боречките вештини, како начин на живот“, дециден е Дардов.

isfa-plakat-so-curino

ИСФА – Битола:

лесна

Филип Божиновски (Македонија) – Илија Иварлак (Романија)

Златко Петровски (Македонија) – Тоен Нгујен (Бугарија)

бантам

Теодор Буколов (Бугарија) – Даниел „Тигар“ Неделков (Бугарија)

средна

Борче Телевски (Македонија) – Делчо Димитров (Бугарија)

Веселин Вучев (Бугарија) – Тони Маркулев (Бугарија)

велтер

Виктор Александров (Бугарија) – Владислав Генов (Бугарија)

Живко Стоименов (Бугарија) – Блажо Дардов (Македонија)

Станислав Енчев (Бугарија) – Данијел Арангеловиќ (Србија)

леснотешка

Димитар Димитров (Бугарија) – Андерс Ериксон (Шведска)

Игор Лазарески (Македонија) – Петур Петров (Бугарија)

перолесна – борба за европската титула на ИСФА

Ристо Димитров (Македонија) – Амел Шабановиќ (Црна Гора)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON