Блахович се подготвува како Роки за борбата со Тешеира (ВИДЕО)

Јан Блахович се подготвува во стилот на Роки за претстојната одбрана на титулата. Тој ќе се бори со друг ветеран, Гловер Тешеира. Нивната битка за појасот во тешка категорија е закажана за УФЦ 266 во септември.

Првата одбрана на титулата 38-годишниот полски шампион ја забележа оваа година на почетокот на март. Тогаш Јан се справи со Израел Адесања, во борба против голем шампион.

Блахович го победи со одлука и влезе во серија од 5 последователни победи. Јан е поранешен шампион во КСВ и има освоено 9 од последните 10 борби во УФЦ. На својот профил на социјалните мрежи Блахович прикажува како се искачува на врвот на планината и вели дека никој нема да го тргне од врвот.

„Се подготвувам во стилот на Роки. Никој нема да ме тргне од врвот“, напиша Јан.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON