Блахович награден со „Амбасадор на Полска во ММА“ (ФОТО)

Јан Блахович, кој е шампион на УФЦ во полутешка категорија, доби награда „амбасадор на неговата земја Полска во ММА“. 37-годишниот борец направи голема рејтинга во најпознатиот ММА синџир во светот, стигнувајќи до највредниот – шампионскиот појас.

Во борбата за титулата го совлада Доминик Рејес со технички нокаут во втората рунда на УФЦ 253 на 26 септември 2020 година.

„Им благодарам на сите навивачи кои гласаа за мене. Драго ми е што се најдов во таква благородна група. Ветувам дека ќе продолжам да се обидувам да бидам амбасадор на МЛД во нашата земја. Би сакал да им се заблагодарам и на тренерите, на моите пријатели од WCA Fight Team, на моето семејство и свршеницата, како и на мојот менаџер – Дорота Жорковска. Ова е и ваша награда“, напиша шампионот на својот Инстаграм профил. 

Блахович повторно ќе влезе во октагонот на 6 март. Тогаш  ќе се пресмета со шампионот на УФЦ во средна категорија – Израел Адесања, во главната борба на УФЦ 259. Влогот е голем, затоа ќе биде битка за титулите во двете категории.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON