Јан Блахович (25-8, 8-5 УФЦ) го совлада Жaкар Соуза (26-8, 9-5 УФЦ) во своето деби во полутешка категорија во главниот настан во УФЦ во Сао Паоло.
36-годишниот Полјак 3 години постариот Бразилец го совлада со поделена одлука и дојде до втората последователна победа, додека Жакар го претрпе вториот последователен пораз.
Победата на Блахович во овој слаб меч нема да му донесе борба за титулата против Џон Џонс, кој најверојатно ќе го брани појасот против Доминик Рејес.
Дуелот на Маурицио „Шогун“ Руа (26-11-1, 10-9-1 УФЦ) и Пол Крег (12-4-1 ММА, 4-4-1 УФЦ) заврши без победник со поделена одлука на судиите. Еден судија му ја даде победата на Бразилецот, а другиот на Шкотот, додека третиот борбата за бодуваше нерешено.
Чарлс „До Бронкс“ Оливеира (28-8, 16-8 УФЦ) го нокаутира Американецот за 86 секунда
Џаред Гордон (15-4, 3-3 УФЦ) стигна до шестата последователна победа. Сите тие ги постигна со прекин (2 нокаути и 4 завршници). За победата над Гордон награден е со бонус од 50.000 долари за победа против Гордон, а тоа му беше вкупно 15 прекин во УФЦ, со што му се приближи на чекор до рекордерот Доналд Цероне, кој има16 прекини.
Не се доделен бонус за борба на вечерта, а другите победници беа наградени за нивниот настап.
Џејмс Краузе (27-7, 8-3 УФЦ) го нокаутира Серхио Мораеш (14-6-1, 8-5-1 УФЦ) во третата рунда.
Рикардо Рамос (14-2, 5-1 УФЦ) во дебито во перолесна категорија со давење од позади во првата рунда го совлада Едуардо Гарагори (13-1, 1-1 УФЦ).
Ренди Браун (12-3, 6-3 УФЦ) со триаголник давење во втората рунда славеше против Ворли Алвеш (13-4, 7-4 УФЦ).
Поранешниот шампион на УФЦ за бантам категорија Ренан Барао (34-9-1НЦ, 9-8 УФЦ) го доживеа петиот последователен и осмиот пораз на последните 10 натпревари. 32-годишниот Бразилец загуби со едногласна одлука од две години постариот сонародник Даглас Силва де Андраде (26-3-1NC, 4-3 УФЦ).
Барао по оразот во ММА дебито во 2005 година ја оствари 32 победи со 1 без одлука.