Полската машина Јан Блахович е новиот шампион на УФЦ во полутешка категорија.
37-годишниот ветеран во борбата за испразнетата титула во полутешка категорија славеше против Доминик Рејес на УФЦ 253 во Абу Даби на островот Јас.
Блахович ја почна борбата со удар со ногата, а и Доминик се потпре на ударите со нога на почетокот.
Не брзаа да разменат крошеа, но се потпираа на удари. Јан удри силно со нога, а потоа следеше и лев удар на Рејес. Тежок удар во телото од страна на Полјакот, кој направи голема модринка кај Рејес. Сосема пасивен беше Рејес во оваа рунда. На крајот од рундата Доминик погоди. Во втората рунда Рејес се опорави и стана поагресивен. Разменија удари, но Јан беше поуспешен.
Искусниот ветеран брутално го удри во главата Рејес, при што му го скрши носот. Блахович силно притисна со моќни леви и десни крошеа, а Рејес беше соборен. Јан го следеше со удари на партер, при што судијата ја прекина борбата во последните секунди од втората рунда.
Така, Блахович го освои појасот и влезе во серија од четири последователни победи, од кои три со нокаут. Јан го предизвика Џон Џонс, кој тешко дека ќе прифати борба, бидејќи е фокусиран на дебито во тешка категорија. Рејес, пак, влегува во серија од два последователни порази.
https://www.youtube.com/watch?v=f7Tce_BIivQ&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?v=f7Tce_BIivQ&feature=emb_logo
УФЦ 253 – Резултати
Израел Адесања – Пауло Коста – ТКО (Р1, 4:00 часот)
Јан Блахович – Доминик Рејес – ТКО (Р2, 4:36)
Брендон Ројвал – Каи Кара-Франција – ЗАВ (Р2 0:48)
Кетлен Виеира – Сијара Јубенк – едногласна судиска одлука
Хаким Даоду – Зубаир Тухугов – подеолена одлука на судиите
Бред Ридел – Алекс да Силва Коељo – едногласна одлука на судиите
Akeејк Метјуз – Диего Санчез – едногласна одлука на судиите
Лудовит Клајн – Шејн Јанг – КО (Р1 1:16)
Вилијам Најт – Алекса Камур – едногласна одлука на судиите
Хуан Еспино Диепа – Џеф Хјуз – ЗАВ (Р1 3:48)
Данило Маркес – Хадис Ибрагимов – едногласна одлука на судиите