Благој Иванов ја одбрани светската титула во тешка категорија на ВСОФ/WSOF 31.
Благој Иванов се сретна со Џош Капленд. Првата рунда беше исклучително динамична и крвава, во втората и двајцата беа со раскрававени аркади кои можеа да го прекинат мечот, но и покрај тоа не престанаа со активна размена на удари во стоење.
Во третата рунда двајцата почнаа активна борба, покажувајќи многу добра кондициона подготовка. Капленд прими неколку жестоки удари во брадата.
Четврта рунда не се разликуваше по ништо од останатите.
Во петата рунда двајцата повторно почнаа со размена на удару уште на самиот почеток, за радост на публиката. Иванов за момент успеа да го скрши противникот, кој се почесто почна да бега назад, но, потоа, секогаш се враќаше. Кон крајот на рундата Благој прими неколку силни удари кои го збунија, но самбо борачот брзо го примени и другиот арсенал и го собори Капленд, заземајќи доминантна позиција над него, како по кратка престрелка му овозможи да се дигне, за да продолжат во клинч.
На крајот, заслужено судиите му ја доделија победата на Бугаринот.
По средбата Иванов призна дека тоа му била најтешката борба и го пофали противникот.
Овде може да ја погледнете борбата.
Еве ги сите резултати од ВСОФ/WSOF 31:
Blagoy Ivanov го победи Josh Copeland со судиска одлука
Jason High – Mike Ricci – High го победи Ricci со TKO 4:08 Р 2
John Howard го победи Mike Arrant со судиска одлука (30-27 x3)
Luis Palomino – Sheymon Moraes го обеди Palomino со судиска одлука (29-28 x3)
Phil Hawes – Joshua Key – Hawes го победи Key со TKO 2:52 Р 1
Tom Marcellino – Devin Powell – Powell го победи Marcellino со судиска одлука (29-28, 27-30, 29-28)
Juliano Coutinho – Justin Willis – Willis го победи Coutinho со ТКО (Р 2, 2:30)
Tyler King – Lorenzo Hood – King го победи Hood со клуч (Round 2, 4:20)
Bruce Boyington – Saul Almeida – Boyington го победи Almeida со судиска одлука (27-30, 29-28, 29-28)
Marcus Surin Christian Torres – Surin го победи Torres со ТКО (Р 2, 2:51)