БКФЦ: Паломино славеше против Браун, победи на Мајк Пери и Чад Мендес (ВИДЕО)

Во главната борба на настанот БКФЦ: Накелманија 2/ BKFC: KnuckleMania 2 во Флорида шампионот во лесна категорија Луис Паломино го совлада Мартин Браун со одлука на судиите – (49-46, 49-46, 50-45).

Во коглавниот настан поранешниот борец на УФЦ Мајк Пери го победи Џулијан Лејн со одлука – (48-46, 48-46, 48-46). Пред нив, уште еден поранешен УФЦ борец, Чад Мендес дебитираше со нокаут победа над Џошуа Алварез.

Резултати:
Главна карта
Луис Паломино со одлука го победи Мартин Браун (49-46, 49-46, 50-45)
Мајк Пери со одлука го победи Џулијан Лејн (48-46, 48-46, 48-46)
Чад Мендес го совлада Џошуа Алварез со ТКО Р4, 1:34
Кристин Фереа со одлука ја победи Британија Харт-Белтран (48-47, 48-47, 49-46)
Густаво Трухиљо го совлада Стивен Таунсел со КО Р1, 1:41
Кристин Висенс ја совлада Џејд Вонг со ТКО Р3, 0:49
Франческо Ричи со одлука го победи Џејк Боствик (48-44, 48-44, 48-44)
Улис Дијаз го совлада Соер Дипи со КО Р2, 1:00

Прелиминарни:
Едгард Плазаола го совлада Шеви Бриџис со ТКО Р3, 1:09
Јосденис Седено со одлука го победи Марио Варгас (48-45, 49-44, 47-46)
Џон Мајкл Ескобоза го совлада Зион Томлинсон со КО Р4, 1:16

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON