Вчера објавивме дека поради новонастаната ситуација во Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), однонсо заминувањето на првиот човек Ванчо Чифлиганец, во прашање е доведено учеството на кадетите Столе Ефтимов, Минир Реџепи, Фати Вејсели и Рамзан Гаџиханов на Европското првенство во Стокхолм-Шведска од 19 до 24 јули. А вчера никој не можеше да ни одговори ќе се обезбедат ли средства за учество на ЕП, а единствено БК Вардар се огласи дека нивниот член Рамазан Гаџиханов ќе учествува, бидејќи клубот ќе ги покрие неговите трошоци.
Во реакцијата на БК Вардар се вели:
„Стручниот штаб на БК Вардар одлучи, по повеќекратни писмени барања до Федерацијата (на кој никој не не удостои да одговори), да му овозможиме на нашиот кадетски шампион, Рамазан Гаџиханов (58 килограми-слободе стил) да учестувава на ова Европско првенство“.
Понатаму се образложува што се е направено во овој период и колку ќе чинат трошоците за настапот на ЕП во Шведска.
„Го запознаваме и подпретседателот на Федерацијата, Могамед Ибрагимов, доколку ФБСМ најдеше стрества за учество, на прво место, како најтелентиран и со големи шанси да постигне некој позначаен резулат е токму Рамазан. Да не биде како во изминатито период, МОК и Агенцијата за млади и спорт да обезбедат стредства за учество на меѓународни активности, а истите да се искорисат ненаменски или за други лица! Патните трошоци се околу 500 евра, а самото учество на Европското првенство чинио 4х180 chf (швајцарски франци), однонсо 720 и 100 франци за партиципација за учество или вкупно околу 1300 евра, без здолжена спорска опрема. Во предвид беа двајца борачи на БК Вардар да учестуваат, но поради економски причини, во состојба сме да му обезбедиме пат и учество само на Рамазан и еден тренер. Му посакуваме на младиот Рамазан успешно дебитирање во Македонскиот дрес и добар пласман, за почетокот на кариерата“.
Од Вардар укажуваат дека годинава сите земји имаат право да пријават по два преставника во секоја тежинска категорија. Водечките велесили Русија, Грузија, Азербеџан, Турција и Украина ќе настапат во полни состави.
„Со самото тоа, конкуренцијата ќе биде многу поквантитетна и поквалитетна, а за малите земји дури ни теоретски шанси не преостануваат да се закитат со медали“, посочуваат од Вардар.
Од друга страна, од овој клуб констатираат:„Покрај бранувањата и негативните случувања во Македонската боречка федерација, остануваме без личност на функцијата претседател на Федерацијата, со што канцеларијата и активностите на репрезентатицијата се во колапс“.
Ipon.mk/В.Д.