БК Чаир на врвот и во Првата и во Младинската бокс лига

Чаир по третото коло е на чело и во Првата и во Младинската бокс лига на Макеоднија. По вчерачниот биланс 5-1, а на Баргала 3-0, БК Чаир води убедливо во Првата лига со 28 бода пред Аперкат со 8, додека во Младинската чаирчани водат со 38 поени пред Баргала со 36 и Пинк Пантер со 22.

На Чаир му се насмевнува шампионската титула во Првата лига, додека во Младинската со Баргала ќе водат интересна борба до крајот. Можеби на страната на Чаир е поголемиот број на натпреварувачи.

Во билетенот за 3.коло супервизорот Душко Сачкарски во билтенот наведува дека има забелешка од страна на преставникот на БК Тернипе за дисквалификација на нивниот боксер во категоријата јуниори – 81 кг меѓу Даниел Абаз и Петар Шипинкоски од БК„Алексо Огненовски од Охрид.

Да потсетиме дека Абаз беше дисквалификуван во првата рунда по еден дискутабилен удар. Абаз кој беше предоминантен и беше прашање на веремето кога ќе победи со прекин, затоа што Шипинскоски беше немоќен. Во еден момент имаше преќин на борбата, но судиската одлука не се слушна од страна, Петар се сврте и тргна во аголот, тогаш Даниел се затрча и го удри силно противникот кој падна на подот. По ова Абаз беше дисквалификуван, затоа што официјалната оцена беше дека судијата рекол „стоп“. Дел од домашната публика и боксери протестираа кај супервизорот и го обвинуваа судијата за оваа случка. Самиот Даниел и раководството на Тренипе се потрудија да се расчисти гужвата кај супервизорот.

Од Тернипе тврдат дека немало команда стоп, туку само раздвојување и затоа повикуваат да се прегледа видео снимаката. Судијата на рингот Ристо Огњанов ни изјави дека тој рекол „стоп“ и дека боксерот удрил по неговата команда. Од друга страна, Абаз немаше потреба да реагира и да ја немало командата стоп, пред се од етички аспект, бидејќи противникот му беше свртен со грбот.

 Резултати 3.коло Прва и Младинска лига

кадети
-63 кг Ејдин Јашар (Баргала) – Алми Рочи (Чаир) 3-0
66 кг Рамон Казимов (Пинк Пантер) – Алпај Демиров (Баргала) 1-2
+80 Серген Демиров (Баргала) – Хурмет Јонузи (Шкупи) 1-2

јуниори
-60 кг Шпенд Гафури (Чаир) – Христија Тодоровски 3-0 (ТКО, Р2)
-64 кг Сухејб Имери (Шкупи) – Кире Јанески (Аперкат) 0-3
-69 кг Елмедин Истрефи (Чаир) – Омер Исени (Шкупи) 2-1
-81 кг Стефан Дукоски – Асрим Етеми (Чаир) 0-3
81 кг Даниел Абаз (Тернипе) – Петар Шипинкоски (Алексо Огеноски) 0-3 (дисквалификација, Р1)

сениори
-60 кг Алмир Нуришов (Чаир) – Никола Арсовски (Лав Куманово) 3-0
-69 кг Даниел Вретовски -Артан Алиу (Чаир) 0-3 (ТКО, Р2)
-81 кг Ице Трајкоски (Ас) – Бојан Ристески (Алексо Огеноски) 0-3 (ТКО, Р2)

Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON