Хафтoр Тор Бјорнсон е подготвен да ја продолжи боксерскаta кариера. Живата легенда во спортот на силата направи боксерски меч со својот ривал Еди Хол. Тие бореаа минатиот викенд во Дубаи. Бјорнсон беше многу подобар од Хол и го победи одлука по 6 рунди бокс.
Еди и Тор вкупно тежеа скоро 300 килограми, што е најтешкиот боксерски меч во историјата. Очекувано, Хол повика на реванш, а Бјорнсон нема проблем со тоа.
„Планината“ од „Игра на троновите“ даде интервју за победата над Хол.
„Учам. Ја сакам оваа авантура и сè уште сум почетник. Би рекол дека сум добар. Научив многу за краток период, па кој знае каде ќе бидам за година.
Колку можам да се подобрам за една година од сега? Можеби ќе можам да се борам со вистинската личност. Кој знае ? Единственото нешто што не спречува е она што го имаме на ум.
Верувам во себе и дека можам да постигнам се. Ќе продолжам со боксот. Можам да кажам дека одам напред по ова ривалство. Еди, од друга страна, сака да се реваншира. Немам проблем со тоа“, рече Бјорнсон.