Поранешниот УФЦ борец, Џо Ригс, во својата прва борба за британскатае Барнакел боксинг промоција (UBBAD) ја освои титулата во полутешка категорија.
34-годишниот „Дизел“ кој има ММА скор 42-17-1 НЦ со поделена одлука на судиите го победи Кристијан Еванс.
Покрај него на настанот настапи уште еден поранешен УФЦ борец, Коди Мек Кензи кој е поразен, а наскоро се очекува настап и на Мелвин Гилјард.