Бившиот првак Минаков се врати во Белатор

Витали Минаков (21-0) се врати во Белотор.

33-годишниот Русин со нокаут против Александар Волков во 2013 година ја освои титулата на Белатор во најтешката категорија.

Го одбрани појасот против Чејк Конго и ја напушти организацијата.

Во следните четири години се бореше во родната земја за Фајт најт Глобал, каде што постигна шест победи. Неговиот потег доаѓа во време кога се се погласни гласините за проблемите во ФНГ.

Само поради неговото заминување Белотор организираше Гран-при за да добие нов шампион во тешка категорија, а непоразениот Русин ќе биде многу веројатен кандидат за нов шампион ако победи во следниот меч кој се очекува наскоро.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON