Шампионот на ВБА во полутешка категорија Русинот Дмитри Бивол објави дека неговата борба со Артур Бетербиев, кој ги поседува титулите на ВБЦ, ИБФ и ВБО е вистинска. Според Бивол, оваа борба би можела да биде најавена наскоро.
Дмитри изјави дека веќе се договорил за неговите услови и сега чекаат да биде објавен датумот. Нивната борба би се одржала во Саудиска Арабија. Ова е борба која навивачите со нетрпение ја очекуваат.
Бивол е самоуверен пред средбата и тврди дека му требаат 2 дена да се подготви за тоа.
„Колку е реална мојата средба со Бетербиев? Да, таа е вистинска. Дури и претседателот на Општата управа за забава на Саудиска Арабија, Турки Алалших, ми се јави и ме праша дали сум подготвен. Нормално, одговорив дека сум подготвен.
Нашиот тим ги договори условите. Сега ме прашаа за дата. Мора да почекаме додека не се договорат со Топ ранг и да го објават датумот. Мислам дека најавата за нашата борба ќе биде наскоро.
Како се чувствувам за Бетербиев? Јас сум пријателски настроен кон секој човек. Пријателски сум со сите мои ривали. Никогаш не ги гледам со луто лице. Иако имам сретнато такви луѓе!
Има луѓе на кои им требаат месеци психички да се подготват за борба. Затоа, на противникот гледаат со сериозно лице. Што се однесува до мене, ми требаат 1-2 дена да се подготвам за борбата“, изјави Бивол за Фајт хаб.