Дмитри Бивол (Русија) ја одбрани титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во лесно-тешка категорија. Тој на убедлив начин го совлада на поени Американецот Џо Смит – Јуниор во Верона (САД).
Bivol schools Smith, keeps WBA light heavy belt – https://t.co/CGXZxzVy8F #boxing #boxingnews
— fightnews.com (@fightnews) March 10, 2019
Русинот ја покажаа својата техничка супериорност во текот на целата средба. По последниот удар на гоногот, тројцата судии мечот го бодуваа 118-110, 119-109 и 119-109.
Тоа беше 16-тата победа (11 со нокаут) за Бивол. Смит има скор од 24 победи (20 со нокаут) и 3 порази.
https://www.youtube.com/watch?v=H63lb3s3-p0
.