Битолските спортисти по петти пат даруваа крв (ВИДЕО/ФОТО)

Toni gordana davaat krv 1

Во Битола се одржа петтата по ред крводарителска акција во организација на Општина Битола во соработка спортистите, Црвениот крст, а од годинава и спортските новинари.

Saso Ristesi novinar dava krv

„Денеска ја одржуваме петтата по ред крводарителска акција, на која што спортистите масовно се одзваа. Веќе оваа крводарителска акција прераснува во традиција. Со секоја капка крв што донираат денеска спортистите и вработените во општина Битола се спасува човечки живот”, изјави Гордана Цветковска Бошевска, советник за спорт во општина Битола.

Gordana i personal

Цел на денешната крводарителска акција е давање позитивен пример кај младите за подигнување на хуманата свест, сметаат дел од спортистите.
Ова е петта активност од ваков вид во која спортистите ја даруваат скапоцената течност која живот значи .

Спортистите од боречките спортови се вклучија во хуманата и благородна акција, и тоа: Гордана Цветковска Бошевска – репрезентативец во кик бокс, Тони Бошевски – репрезентативец и тренер во кик бокс, Александар Димовски-Димса – репрезентативец кик бокс, Филип Настевски – кик бокс, Ивица Митревски – поранешен репрезентативец и сегашен тренер во карате, Дејан Дамевски – кик бокс….

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON