Битолчанката Леа Бошевска од КБК Самурај викендов го освои златниот медал на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ во Ниш, Србија.
„Леа Бошевска уште еднаш покажа дека е борец за респект, освојувајки го првото место на ова големо натпреварување“, велат нејзините тренери и родители Гордана Цветковска Бошевска и Тони Бошевски, кои истакнуваат дека Леа продолжува понатаму со уште посилно темпо, затоа штоп во 2019 година ја чекаат настапи за македонската кик бокс репрезентација, но и за матичниот клуб Самурај.
На турнирот учествуваа 15 земји со над 1000 натпреварувачи.
Гордана како меѓународен судија на овој турнир ја делеше правдата на борилиштата. Со овој успех Бошевска повтрдува дека е на врвот во македонскиот кик бокс.
Ipon.mk