Викендов Александар Волкановски повторно влегува во кафезот на УФЦ Фајт најт 110, овој пат во Оукленд-Нов Зеланд, против Мизуто Хирота од Јапонија.
Веруваме дека Волкановски ќе ја продолжи победничката серија во УФЦ, за што и самиот е убеден, иако вели дека тоа ќе биде тешка борба на високо ниво. Популраниот Алекс кој по потекло е од Битола, живее и работи во Австралија и во моментов е најуспешниот Македонец во ММА, односно во најмоќната организација УФЦ.
Волкановски имаше интервју за ММА Џанки кое може да го погледнете во продолжение.
.