По полуфиналните борби на Државното првенство во бокс во Спортската сала „Младост“ во Битола денес во 17 часот се финалните мечеви во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција.
Во полуфиналните борби учествуваа 53 боксери од 16 клубови, односно имаше 11 борби. Но, факт кој ја радува боксерската и спосртската јавност е што полуфиналето го следеа преку 3.000 љубители на благородната вештина, а денес се очекува поголема посетеност.
Најмогу боксери во финалето ќе имаат боксерите од Пелистер 2007 од Битола и Баргала од Штип.
Ова е најсилното Државно првенство во последните 10-тина години.
Првенството го следеа и голем број македонски боксери легенди, меѓу нив и Аце Русевски.
Резултати полуфинале
Кадети
63 кг Марко Стојановски (Универзалци) – Менан Амадеовски (Ас) 0-3
60 кг Јасин Мифтар (Аперкат) – Дарио Стојанов (Баргала) 2-1
64 кг Кире Јанески ( Аперкат) – Емир Ибраим (Тернипе) 0-3
75 кг Стојанче Стојанов (Баргала) – Никола Бубески ( Пелистер 2007) 0-3
75 кг Даниел Абаз (Тернипе) – Хамза Имеровски (Синди) 2-1
Сениори
69 кг Кристијан Андреев (Аперкат) – Љулзим Исмаили (Шкендија бокс) 0-2 (ТКО, Р3)
75 кг Горјан Србиновски (Пелистер 2007) – Бардул Шеј (Синди) 2-0 (ТКО, Р2)
81 кг Лулзим Бајрами (Шкендија бокс) – Александар Најдовски (Пелситер 2007) 2-1
81 кг Марио Николовски (Фајтер-Илери) – Андреј Митров (Магнус) 0-2 (ТКО, Р1)
91 кг Драгомир Кајевиќ (Водно) – Синан Џеладин (Тернипе) 2-0
91 кг Коста Бочкароски (Ас) – Илчо Јоноски (Пинк Пантер) 0-3
Ipon.mk/В.Д.