Првата и Младинската лига (ПМЛ) во бокс на Македонија старуваат на 18 март (недела) во Битола, а технички организатор е БК Пелистер 2007.
Дилемите се отстранети околу домаќинот на првото коло, бидејќи беше одложен самиот почеток на Лигата. Претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Игор Златков вели дека Битола е сигурен организатор на првото коло на ПМЛ.
Мерењето ќе се одржи во хотелот Епинал со почеток од 9:30 до 10:00 часот, додека борбите ќе се одржат во спортската сала Маладост со почеток во 15,00 часот.
Натпреварите од Прва и Младинска лига во бокс на Македонија во 2018 година ќе се спроведат согласно пропозициите за бокс лига на Македонија и правилата за бокс на АИБА .
Екипното првенство ќе се реализира во следните возрасни категории:
– кадети родени 2002 и 2003 год.
– јуниори родени 2000 и 2001 год.
– сениори родени 1978 и 1999 год.
Да потсетиме дека минатата година шампион на Македонија во двете конкуренции беше БК Чаир од Скопје, а последното коло во Штип беше срамно за боксот.
Ipon.mk