Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија Мајкл Биспинг се потсмева со изгледот на руската ММА легенда Федор Емилијаненко. Императорот громогласно се врати во кафезот, откако го нокаутира за помалку од една минута Френк Мир во четвртфиналето на турнирот во тешка категорија на Белатор.
https://twitter.com/fedoroskol/status/991773439395532801?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D722905
„Ајде да си признаеме – Емилијаненко воопшто не личи на спортист. Се појавува во шорцеви, а шкембето му виси на нив. Понекогаш ме потсетува на Жорж Сент Пјер, кого пред време го нареков бремен. Но во стоење, доволен е еден удар на Федор, за да го собори секој на оваа планета“.
Минатата година Биспинг го обвини ветеранот дека користи стероиди.
https://youtu.be/h4qwbwTTGWE
.