Бразилскиот ММА борец и поранешен шампион Чарлс Оливеира викендов има шанса да ја врати титулата во лесна категорија против Дагестанецот Ислам Махачев.
Всушност, УФЦ му го одзеде појасот на До Бронкс во мај пред неговиот натпревар против Џастин Гејџи. Тогаш Бразилецот се појави на мерењето со околу 200 грама повеќе од дозволената тежина.
Во таа борба Оливеира со завршница го совлада Гејџи и со таа победа само доби шанса повторно да се бори за шампионската титула.
Бразилецот има 14 победи во лесна категорија и 11 во низа, а е рекордер по бројот на завршници, вкупно 16!
Нему му недостасува уште една победа за да ги стигне Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов кои имаа серија од 12 победи по ред.
Ако го победи Махачев, тоа ќе биде трета борба за титулата за Оливеира, Б.Ј. Пен, Бенсон Хендерсон и Хабиб Нурмагомедов досега имаат четири победи во мечевите за титулата.
„Доколку Чарлс Оливеира победи викендов, Ислам Махачев би можел да стане најголемиот борец во лесна категорија во историјата“, истакна Мајкл Биспинг во својата видео најава на Јутјуб каналот и продолжи:
„Навистина тоа го мислам. Со таа победа би го престигнал Хабиб, само затоа што ќе ги исчисти сите врвни предизвикувачи. Не е виновен Хабиб, но не можете да ги превидите резултатите и историјата што ја прави Оливеира“.
Поранешниот шампион, а денес коментатор на УФЦ дополнително појасни.
„Хабиб има скор од 29-0, и 13-0 во УФЦ. Тој е еден од најдоминантните борци на промоцијата. Загуби само две, од 60 кола во кариерата и тоа тесно против Џастин Гејџи и Конор Мек Грегор. Се пензионираше на 32 години, по три одбрани на титулата на тронот мина две и пол години. Тоа е фантастично, но да останеше подолго, којзнае дали ќе го гледавме како го губи појасот, а тоа никогаш нема да го знаеме и затоа не може да биде „фунта за фунта“ број еден“, изјави Мајкл Биспинг и заклучи. :
„Не се задржа долго во борбите, но знаеме зошто се повлече. Но, не можеме да знаеме како Хабиб би се снашол против новите предизвикувачи. Би победил некои, но што би се случило против Чарлс Оливеира? Тоа можеме само да го нагаѓаме“.