Били Џо Сандрес е подготвен да се бори со Головкин и во Казахстан

Били Џо Сандерс не ја крие желбата да боксира против шампионот во средна категорија Генади Головкин.

Во текот на викендот ГГГ го победи Даниел Џејкобс, а Били Џо Сандерс изјави дека повторно ги видел слабостите во борбата на Казахстанецот. Според него, Головкин може да биде победен и е убеден дека тој е вистинскиот човек за тоа.

Се смета дека преговорите меѓу промотор на ГГГ, Лоефлер и Френк Ворен сега ќе продолжат со цел да се договори средба меѓу Головкин и Сандерс.

Според Том Лоефлер, таков дуел би можел да се одржи дури и во татковината на Головкин, Казахстан.

Били Џо Сандерс посочи дека за него тоа не е проблем. Тој е подготвен да боксува во секој дел на светот.

„Подготвен сум да патувам насекаде за да се борам со него. Не ме загрижува идејата тоа да се случи во Казахстан. Подготвен сум да го направиме тоа и на некое поле, се едно ми е“.

„Головкин е силен, но може да биде надмудрен. Вистинскиот боксер секогаш може да го победи човекот кој удира силно. Никогаш досега не се соочил со противник кој ги има моите вештини. Сега се наоѓам во цветот на мојата кариера и сакам да боксирам со најдобрите. Сакам да и го дадам на навивачите она што сакаат да го видат. Тој го сака појасот на ВБО, а јас го поседувам. Подготвен сум да го ставам на коцка“.

И ГГГ исто така сака меч со Сандерс.

„Ова е меч од сништат за мене. Целта ми е да ги имам сите појаси во категоријата. Били Џо е мојот последен чекор кон таа цел. Го сакам овој меч“, рече Головкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON