Били Џо Сандерс му фрли ракавица на Головкин

bili-dzo-sanders-i-glovkin

Били Џо Сандерс изјави дека има желба да се сретне Генади Головкин и да ги освои сите можни појаси.

Светскиот шампион на ВБО во средна категорија се враќа во рингот на 29 октомври, кога ќе биде дел од галавечер меѓу Тајсон Фјури и Владимикр Кличко во тешка категорија.

Тој ја прокоментира и победата на Гловкин над Кел Брук.

„Да бидеме свесни. Кел Брук не е боксер од средна категорија. Тој се бори во полусредна категорија. Јас сум целосно од средна категорија. Немам никакви проблеми да се борам со Головкин. Дефинитивно сакам тоа да се случи уште следната дата, на која тој ќе треба да се боксира“.

„Кој и да е датум, ќе го прифатам, бидејќи секогаш и го  давам на навивачите она што сакаат да го видат. Видов слабости во претставувањето на Головкин кои можам да ги искористам. Тој е добар човек и имам почит кон него, но ајде да видиме кој е најдобар и кој ќе ги освои сите овие појаси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON