Федор Емилијаненко сега е еден од најбараните ММА борци. Се уште не се знае во која организација ќе биде неговото враќање, но борци од целиот свет изразуваат желба за дуел со него.
Антонио „Бигфут“ Силва забележа победа над Емилијаненко со ТКО во 2011 година. Тој не ја искористи можноста што му ја даде овој дуел, но повторно сака да се соочи со „The Last Emperoro“ по неговото враќање.
„Ова е одлична вест. Никогаш не сум го криел фактот дека сум негов голем фан. Федор е одличен спортист и личност која заслужува почит. Тој се враќа во многу погоден момент и е вистинска легенда. Ако Федор потпише договор со УФЦ, не гледам никакви проблеми да имаме реванш меч“.
Бигфут нема заблежано победа од 2013 година, кога го нокаутира Алистер Оверим.