Би го нокаутирал со преден директ, верувајте ми, не се шегувам. Тоа би било непријатно да се гледа

Минатиот викенд, 27-годишниот Џејк Пол го победи 31 година постариот  Мајк Тајсон, а иако многу фанови на борбата се надеваа дека епилогот барем на кратко ќе го замолчи боксерскиот „циркус“, тој доби уште поголем замав. Веднаш штом Џејк и Мајк го напуштија рингот, од сите страни почнаа да се слеваат понуди од бројни боксерски шампиони, активни и поранешни, кои изразија желба да влезат во рингот јутјуберот/боксерот како следни. Најгласно одекна пораката што Даниел Дубоа ја испрати до „Проблематичното дете“.

Актуелниот шампион на ИБФ во тешка категорија му понуди на Пол да се бори за титулата што ја поседува, што тој ја прифати, а недолго потоа промоторот Френк Ворен го објави својот „благослов“ за организација на ваква борба. Тони Белју, сепак, како и веројатно поголемиот дел од боксерската јавност, смета дека таквата идеја е луда, а особено е шокиран од фактот што Пол дури размислува за вкрстување на ракавици со актуелниот шампион во „тешка категорија“.

„Знам дека момчето има бујна имагинација, но не знам на која планета се наоѓа. Мора да биде на Марс или некаде за да размислува за такво нешто. Го видовме стариот Мајк Тајсон во петокот и ми го скрши срцето гледајќи тоа, но Дубоа е на сосема друго ниво“, изјави за Токспорт поранешниот светски шампион на ВБЦ во крузер категорија и заклучи:

„Дубоа е еден од најдобрите тешкаши во светот. Би го нокаутирал Џејк Пол со удар. Верувајте ми, не се шегувам. Би било непријатно да се гледа”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON