БФРСМ: Олимпија не ги исполни договорените работи

Боречката федерација на Република Северна Македонија велат дека од нивна страна немало пречки Андреа Нисева да настапи за нашата репрезентација, но требало да се исполнат точките од договорната средба во април во просториите на Агенцијата за млади и спорт со претставници од АМС, БК Олимпија и преставник на БФРСМ за надминување на состојбата на релација Олмпија-БФРСМ.

Според овој договор Олимпија требало да ги исполни следните работи:

1.Да се повлечат сите поднесени тужби и достави доказ од сдуска архива за нивно повлекување;

2.Да се уплати на сметката на БФРСМ изречената дисциплинска казна во износ од 300 евра во денарска противредност со денот на уплата;

3.Да се поднесе барање до Управен одбор на БФРСМ за прием во членство, согласно Законот за спорт и Правилникот за регистрација на боречки клубови и нивните членови во БФРСМ (Правилникот го имало на веб-страницата на Федерацијата).

„Кога ќе се исполнат наведените обврски од БК Олимпија, барањето за прием во членсвто го разгледува Управниот одбор, и доколку се исполнети условите се издава потврда на подносителот со која с ебара од АМС издавање на решение од АМС за дејност спорт“, истакнуваат од БФРСМ.

Но, до денес овие услови не се исполнети од Олимпија.

Од друга страна, истакнуваат дека изборот е личен и секој може да настапува каде што сака.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON