БФРСМ синоќа во Штип ги прогласи најуспешните борачи и клубови за 2021 година.
Според оценката на стручно тренерската комисија при БФРСМ, најдобар клуб во машка конкуренција за 2021 година е БК Балканец – 2008 а по него следуваат БК Лирија – 2010 и БК Чаир. Во женска конкуренција првото место го зазеде БК 7 Мај Леов а топ три листата ја надополнуваат БК Вардар и БК Бучим – Радовиш.
Kaj тренерите оваа година најуспешни се Бобан Данов, Давор Тасев и Горан Стојанов од редовите на БК Балканец, Седат Бафтија и Суфијан Исмаили од БК Лирија, Горан Атанасов од БК Бучим како и Игор Неделковски од БК Вардар.
Од спортистите пак во сениорска конкуренција, најдобри меѓу најдобрите беа прогласени, во топ три, Могамед Гаџи Нуров од БК Вардар, Владимир Егоров-БК Балканец и Фати Вејсели од БК Лирија. Понатаму на листата следуваат Елведин Сејфулау, Увејус Фејзулау и Столе Ефтимов од БК Лирија, Сехан Шакиров од БК Балканец и Рамадан Мустафовски од БК Чаир.
На церемонијата не беа изоставени ниту идните бисери на македонскиот боречки спорт. Награди имаше и за најдобрите во јуниорска, пионерска и кадетска конкуренција.
Предводници меѓу јуниорите оваа година се Реџеп Хајдари од БК Чаир, Бесир Алили од БК Лирија 2010 и Аид Салихаси од БК Тефејуз, а по нив следат Мухамед Феруки – БК Лирија, Арбен Абази – БК Студеничани, Давид Димитров – БК Балканец и Кристијан Станоев – БК Вардар.
Арон Николов, Омер Јусуфи, Теодор Ѓорѓиев, Харбин Ахмети, Кристијан Славевски, Михајло Илиев и Арбен Сејди се најдобрите машки кадети според БФРСМ за 2021, додека во женска кадетска конкуренција за најдобри беа прогласени Марија Спирковска, Марија Неделковска, Стефани Николова, Деспина Богеска, Марија Цветанова, Христина Георгиева и Зорица Јованова.
Во конкуренција до 15 години кај машките најдобри за 2021 се Халит Салиовски, Мемет Усеинов и Омер Мемеди, додека во женска конкуренција Марија Цветанова, Ангела Трајкоска и Анабела Данилова.