Илир Латифи се среќава со Александар Романов на УФЦ Фајт најт 202

Борците на УФЦ во тешка категорија, Илир Латифи и Александар Романов ќе ги одмерат силите на УФЦ Фајт најт 202 на 19 февруари 2022 година. Нивната средба беше официјално објавена на социјалните мрежи.

Латифи има скор 15-8-1 во ММА и доаѓа по победата над Босер, која ја забележа во јуни. Илир го победи со поделена одлука на судиите и ја прекина серијата од 3 последователни порази. Тој победи на 3 од неговите последни 7 УФЦ борби.

Латифи заврши 10 од своите средби од кои 4 со нокаут. Илир е поранешен шампион во полутешка категорија на Супериор челинџ.

Александар, пак, има скор од 15-0 во ММА и има 4 победи во УФЦ. Романов во заврши 14 противници, а во октомври го нокаутира Вандера. Тој е поранешен шампион на ЕФЦ и и за една година има четири победи во УФЦ со завршница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО