Боречкиот клуб Безбедност утре ги завршува подготовките во Охрид детска, каде што во одморашлиште „Детска радост“ една недела се подготвуваа 20 деца во слободн стил и женско борење.
„Се работи на базична подготовка 80 отсто и специјална 20. Ова се и подготовки за балканските првенства за кадети од 27 до 29 октомври во Бурса, Турција, и за деца во Мурска Собота во Словенија од 1-6 ноември, на кое што ќе настапат две девојчиња од нашиот клуб. Од вторник подготовките продолжуваат во Скопје, а во август ќе направиме уште еден ваков камп. Целта на овие кампови е да создадеме млада екипа кој во догледно време ќе постигне резултати“, вели првиот човек на клубот Страшо Глигоров.
Составен дел на кампот се и рекреативните содржини, како и запознавање со културно-историското наследство на Охрид и Македонија.
Ipon.mk/В.Д.