Повеќекратниот светски шампион, Мани Пакијао славеше во добротворниот меч против јутјуберот ДК Ју во првиот меч по официјалното пензионирање од боксот во Сеул, Јужна Кореја.
43-годишниот Филипинец, кој по боксот се посвети на политиката, учествуваше во меч за собирање пари за Украина и за бездомниците на Филипините. Ју, кој покрај тоа што е интернет-ѕвезда го има прекарот „Корејскиот Брус Ли“ поради неговата заинтересираност за боречките вештини, беше очиглено заморен по втората рунда, кога Пакијао почна да доминира.
По мечот, Пакијао најави дека ова не е неговиот последен меч.
„Ова беше одлична шанса да се вратам во рингот. Мислев дека е лесно да се пензионирам. Навистина ми недостасува боксот“, рече Пакијао, кој во кариерата освои титули во осум различни тежински категории и се повлече со скор 68-2-8.
Manny Pacquiao IS BACKKK!!! #Boxing #PacquiaoYoo 🔥🔥🔥🥊🥊🥊🥊 pic.twitter.com/EmxGmPcXzk
— Danny Ramirez (@dantheboxingman) December 11, 2022