Бетим Вренези – претседател на ФБСМ: Имаме добар план и буџет од 150-200 илјади евра!

Претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези, на доделувањето на признанијата за најдобри борачи во 2017 година исткана дека оваа пракса била подзаборавена, но и дек асе држат до ветувањата и дека од сега па натаму секоја година на свечен начин ќе се прогласуваат најдобрите за тековната година.

Тој минатата година ја оцени како многу успешна за македонското борење.

„Ова беше тешка година, затоа што имавме многу проблеми со суспензијата и парите што ги должевме. Не е добро кога има проблем да излезеш, напротив не влеговме во проблемите за да ги решиме. Сите заедно и должиме на Република Макеоднија, за да ги достигнеме резултатите од порано, како оние на Шабан Трстена, Шабан Сеиди и Зоран Шоров. Благодарејќи и на Македонскиот олмписки комитет и на Агенцијата за млади и спорт успеавме да излеземе од тешката ситуација. Оваа година ќе биде подобра и полесна од претходната. Имаме добар план и буџет од 150 до 200 илјади евра“, рече Вренези во обраќањето  пред присутните на прогласувањето на најдобрите борачи, а меѓу присутните беше и директорот на МОК, Владимир Богоевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON