Бетим Вренези е избран за претседател, а Дејан Богданов заменик-претседател на ФБСМ (ФОТО)

sobranie-fbsm-28-dekemvri-2016

Бетим Вренези е избран за претседател на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), а Дејан Богданов за заменик претседател на денешното вонредно Собрание на ФБСМ во Скопје, додека Страшо Глигоров е избран за спортски директор.

fbsm-sobranie-28-12-2016

Беа избрани и Управен одбор (11 члена) и Надзорен одбор од три члена, а беа направени и измени во Статутот.

На Собранието присуствуваа 13 од 20 клубови, а без делегати беа Бучим, Тефејуз, Спартак, Вардар, Студеничани.

Гости на Собранието беа директорот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Валдимир Богоевски и Томе Андоновски од Агенцијата за млади и спорт.

Андоновски го оспори легимитетот на вонредното Собрание во однос на процедурата на свикување. Тој рече дека е утната работата со член 14 од Законот за спорт, па затоа ги посоветува ова да биде корисна средба, а во јануари да се закаже ново Собрание.

tomce-bogoevski-i-ostanati-na-sobranie-na-fbas-28-12-2016

Директорот на МОК, Владимир Богоевски, истакна дека сака што побрзо да се решат проблемите во борењето. Тој потенцираше дека финансискиот извештај не може така да се усвои, затоа што нема отчет кај се потрошени дадените пари.

„Ние дадовме многу повеќе пари, а нив ги нема никаде“, рече Богоевски, при што додаде дека сака да се расчистат некои работи кои се поврзуваат со него, односно дека со претходниот претседател на ФБСМ, Чедо Николовски, дека проневериле некои пари. Во интерес на сите тој сака да се расчистат овие озборувања. Богоевски рече дека тој за Светското првенство во САД, кое беше квалификациско за Олимписките игри од џеб дал 13.400 долари.

Страшо Глигоров истакна дека Собранието е закажано и според Законот за спорт и според Статутот на ФБСМ. За потоа Андновски да рече дека процедурата е промашена, а Глигоров да потенцира дека законот е кршен од други институции и тоа се премолчувало.

sande-kocev-sobranie-fbsm-28-12-2016

Санде Коцев од Здружението на борачи ветерани посочи оти ветераните се со став да не се бира претседател, туку колективно тело. Потоа да се испита финансиското работење на раководството меѓу два олимписки циклуси и поранешниот претседател Чедо Николовски. Никој од старото раководство да не биде во новиот Управен одбор, туку да дојдат млади луѓе.

„Доаѓајте слободно во слободната Федерација на боречки спортови на Македонија“, рече веднаш по изборот за претседател Бетим Вренези, кој рече дека биле свесни за целата ситуација кога ја преземале иницијативата со Дејан Богданов за свикување на вонредното Собрание. Истакна дека од 2010 година, кога е избран за претседател на Лирија, се направени инвестиции во вредност од 400.000 евра.

straso-predsedava-sobranie-fbsm-2812-2016

Вренези ги посочи проблемите кои настанале по оставката на претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, на 30 јуни на Собранието, односно дека нашите репрезентации не настапија на светски и европски првенства за кадети и младинци.

„Баравме излез. Не најдовме спонзор или донатор кој ќе ни ја реши ситуацијата. Видовме дека вака не одат работите. Заедно со Балканец, како водечки клубови, се нафативме да ја средиме работата. За почеток ќе вложиме по 10.000 евра, иако знаеме дека тие пари се малку, зашто очекуваме удари од незнајни долгови, а кои сега се 2.000.000 денари“, потенцираше Бетим.

„Од сега, за мене сите ќе бидат исти. Се јавувале луѓе да ве поткупат, а имало и други работи, како закани и притисоци“, потенцираше Вренези.

Дејан Богаднов рече дека знае како е да се биде спортист и оти знае какви тешкотии имало.

„Тука сме за борењето, сакаме да помогенеме. Затоа ги поминавме сите клубови и ги запознавме со нашата иницијатива, но и се запознавме со условите во кои работат и со нивните проблеми“, нагласи Богданов.

fbsm-sobranie-bogoevski-andonov-28-12-2016

Од друга страна, во своето образложување на програмата за работа на Федерацијата, Вренези исткана дека имаат план за работа, дека уште утре ќе се исплатат долговите спрема хотелот Вип и спрема Бугарите, односно спортските центри каде што се подготвуваа нашите борачи, а со Обединетото светско борење (ОБС/UWW) ќе го решат долгот од 21.000 швајцарски франци на рати. Клубовите ќе бидат ослободени од котизацијата во Федерацијата во 2017 година, а оние кои немаа средства за државните првенства ќе ги помогне ФБСМ. Клубовите ќе бидат опремени со опрема на федерацијата. Се планира отворање на два центри за борење во нашата земја. Наскоро се планира да се оствари средба со претседателот на ОБС, Ненад Лаловиќ и претседателот на ЦЕЛА или по ново ОБС Европа, Цено Ценев.

straso-predsedava-sobranie-fbsm-2812-2016

Управниот одбор ќе го сочинуваат преставници на 5-те најдобри клубови – Лирија, Балканец, Тефејуз, Бучим и Неготино, Могамед Ибрагимов, Илчо Марковски – претставник на женското борење, две места за бизнисмени и по функција претседателот и заменик-претседателот кои работат со врзани потписи.

Во Надзорниот одбор се избрани: Ивица Ефтимов, Александар Стојановски и Хајруш Синани.

verifikaciona-na-fbsm-sobranie-28-12-2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON