Една фотографија една приказна. Таков спомен имаме сите ние. Неодмана објавивме една слика/карикатура која побуди голем интерес, на која е еден од нашите најдобри каратисти во моментов, Берат Јакупи.
Беше тајна од кого е поклонот, но Јакупи ни ја откри: „Овој поклон беше изненадување од Бети“.
Берат вели дека поклонот не е случаен и дека неговата љубена пополека се вклопува во неговите карате води.
„Нормално, се вклопивме во заедничкиот живот. Не случајно ми го подари токму овој поклон, бидејќи таа знае што сакам јас“, категоричен е Јакупи.
Инаку, Бетиме Зулали е вереницата на Јакупи, кои некое време беа во врска, а неодмана во Охрид беше крунисана со веренички прстен. Бети, како што на галено ја вика Берат, е професорка по музичко, и работи во Средното музичко училиште во Струга. Освен тоа, таа е многу талентирана пеачка и има реализирано неколку песни (забавни песни, претежно балади). Засега е многу добро прифатена од публиката и луѓето од музичката фела.
Пред извесно време Берат ни објасни како ја побарал раката на љубовта на неговиот живот: „Тоа се случи во Охрид. По една романтична прошетка со бротче по Охридското Езеро, ја запросив! И ветив дека ќе ја сакам и ќе и бидам верен цел живот! Не знам што друго и кажав! Зборуваше моето срце, јас не. Иако трогната од ова изненадување, Бетиме прифати да биде мојот сопатник во нашиот заеднички живот“.
Сликата, со примеси на карикатура, е дело на ликовниот уметник Грета Дурмиши.
Вистинската слика/фотографија е напревана на Светското универзитетско првенство во Бар-Црна Гора минатата година, која е израз на тиумф, но каков: „Во финалето екипно се боревме со Иран, а јас губев со 4-2 од мојот противник и буквално во последната секунда му земав три поени. Така, ја добив борбата со 5-4, па на мојата радост и немаше крај. И фотографијата и карикатурата ми се многу драги, за што го одразуваат мојот победничи дух. Од друга страна, тогаш станав и универзитетски светски првак“.
ipon.mk/В. Донев